OK
1:05 AM
Мала ерупција на млекото. Мислите изгубени некаде надвор од странициве. Кајмакот како пајажина го гуши лончево. Црнила запечатени. Уште долго нема да дозволат топлина. Списоци за заборавените и за заборавање. Сакам да го умртвам звукот засекогаш. Да престанат прашалниците... оти НЕ, НЕ Е ДОБРО. А ШТО Е, НЕ ЗНАМ. И тоа е најлошото. Да не знаеш што те држи будна или што ти ги меша и толкува соновите. Те гледав како те снемува на некој чуден, грозен, необјаснив, пресилен за хартија, прејак за збор на утеха начин. Се плашам да кажам дека тоа тебе те сонував.
Заради ова сакам блогов да го обојам црно. Со само една малечка светла точка која ќе ме ослепи. Но и тоа е ОК, ако ти го покаже патот дома.
Labels: note to self: пиј повеќе чај
Tweet
Шеќернолимонова
tea with sugar gives me the cramps
tea with sugar gives me the cramps