Се мислам, се мислам и... немам наслов...
11:45 PM


Доста лажам дека не сум заљубена.

Каков е?

Зеленоок, синокос.

Септември му е најубав месец иако често си играме топло-ладно и има некои многу досадни мушички околу нас.

Небото му е омилена играчка по која пушта памучни реки, а јас најмногу го сакам навечер кога не дозволува никој да ни го уништи совршениот распоред на ѕвездите.

Мислам дека е доволно.

Знам дека ви одговорив на прашањето и дури повеќе од тоа. А сега пијте чај.

Labels:


Tweet

Шеќернолимонова
tea with sugar gives me the cramps