Ви пишувам пост тазе ишишана. Хе....
„Ќе и речеш така... да ти даде форма и... тоа...“
Моето логично прашање беше: „А постои и шишање без форма?“
Шо да правам ко не се разбирам у женски муабети. Не знам може е до мене, ама мој фризер треба единствено да го интересира колку сакам да скрати. Еден или два прста? За се останато и пропратно, форма-норма, на степен или корен од... глеј, навистина не се разбирам во такви комплицирани операции. Никогаш не ми одела математика. Мислам, последното што го дознав од математика е дека некој докажал дека еден плус еден е всушност три, а јас си мислев дека барем основните операции нема никогаш да ме изневерат. После тоа ми енд математика parted ways.
Мојата потрага по совршената фризура почна од најблиската точка А - спроти зграда. Благодарение на фризерката дознав како ќе изгледам кога ќе бидам 30-40 години. Фала и, за мене ќе нема изненадување ко ќе се погледнам во огледало по 20 години. И никој нема потреба сега да ме убедува, а и подоцна да ми потврдува дека јас сакала-нејќела (ќе) личам на мајка ми. (Почекајте додека скокнам од прозор.)
.
.
.
Поголема беше маката, и тоа во волумен бајаги поголема, ко ќе излезев од под туш. Изгледав ко чивава. Без смеење молам. Прифаќам само сожалување. :( Не знаев шо да си правам со себе. Да се почешкам по глава, да исплазам јазик, да се тркалам по под и чекам некој да ме погали по меше?! Или да земам од оние големине ножици што ги користат за кастрење огради и стрижење овци. Евентуално да си пронаоѓам патец со гребло.
Не, туку решив да сменам траекторија правец точка Б. Е, фризерницава ми беше Зона на самракот. (Tune the creepy music.) Прво и неизбежно, фризерката имаше напади на креативност. Првиот пат ко ме среди јас веќе со пола нога низ врата, таа уште со ножиците штрак-штрак. И тоа од шишките уште запнала да ми крати. Не за друго, но сигурно знаете како е ко ќе падне снег од ситни влакненца на ваше ценето лице, а вие треба пред луѓе да се појавите после доживувањево и да раскажувате. А навистина е незгодно кога тие онака заинтересирани во раскажувањето ќе пивнат од сокчето наросено ваши фризерски трауми. Никој не е должен тоа да го голта.
„Јас така... штрак... кога ќе почнам... штрак... не можам.. штрак... да престанам... имам... штрак... така... штрак... инспирација добивам... штрак штрак... пошто... ја сум... штрак штрак штрак... уметник нели... n-штракови“.
И токму поради нејзините креативни изливи врз мојта вечно за неа инспиративна коса секој пат добивав нова верзија од првата ми фризура. Беше ко да гледам некоја трилер серија, ебате. What will happen next? Само не ти е сеедно кога се работи за твоја глава и ти треба да го шеташ тоа на улица.
Нема ни да почнувам да ви го опишувам моментот кога фризерницата и стана јога/фитнес/ самтинг самтинг тренинг подготвителна. Ко ЗПО да гледав. Или полошо. Или моментот пред Нова година кога ми ѕенѕаа на Аца Лукас со црвени капчиња на глава. а јас комплитли алоун with the Crazy Bunch. Плус додадете пар ножици и ете ви Фреди Кругер is doing your hair today. Бар да беше Edward Scissor-hands ќе имав шо да буљам и ни Аца Лукас немаше да ме избрка од таму. Ма, ни увце да ми чуе ќе беше.
Е, така стигнуваме до точка Ц од каде штотуку се вратив во точка Д, т.е. дома. Милина ми е што без разлика дали не појавувам сурат пред фризерско им огледало 3 месеци или пола година, секогаш знаат што фризура сакам. Истата ко и од пред... ептен одамна. Ама знаат. Не мора ни А да кажам. Само ги интересира колку да ми скратат. Еден или два прста?
И она што ми е најмерак е што не ме тераат да им правам задолжителниот муабет во фризерница. Така додека деј ду дер џоб, јас си размислувам за следниот ми пост. Play the music: ду-ап-ду-ап.
И претпоставувам редно е да им се заблагодарам во оваа прилика што ми дозволија да си го средам постот во глава за вака навремено да ве информирам за секоја банално-неважна ситница која ми се случува во живот.
И толку.
Кој ве шиша, бтв? М?
Labels: чајче со фрустрации on the side
Tweet
tea with sugar gives me the cramps