Уф, оф, ах, ех...
Отсекогаш сум сакала да започнам нешто со воздишка. Хм...
Шо ќе ми е блогов. Сериозно не знам. Овој ми е трет по ред. Или четврт. But who’s counting, right? И не, не е дека другиве два-три отидоа јабана. Си функционираат таман. Дури подобро од очекувано. Ме линкаат луѓе што не ни прокоментирале, некои што дури отпосле случајно им дознав место на виртуелно постоење. Ама, ептен гужва ми е некако. А јас имам multiple personality и буквално не можам да се ЧУЈАМ како размислувам.
И, ете си го отворив ова, ко за мене. А глеј ме, дури сум ставила site meter. Шо ќе ми е. Се почудив коа го видов то двојчето. Си викам кој залутал наваму. Сакам да стигне до едно тројче. И така да си остане. За мене тоа е совршен број, иако некој би се побунил дека 4 е совршен број. Ок, овој нека е и полусовршен или близу до совршен, а тоа е... едноставно совршено.
И сакам некој на tagboard-от да ми остави трета порака, онака од сожалување. И да остане на тоа.
Шо ќе ми е блогов. Не знам. Ги гледам скоро секој блогер почнува со пост за што ќе биде, како ќе биде, дрн, дрн... дрн. Јас врска немам шо ќе му правам. Може само ќе си го гледам. Убав ми е. Чичка нов. И мерак имав да имам муабет ко на блогерај, ама на блогспот. И еве, признавам најголем виновник за блогов ми е темплејтот. Се заљубив. То ти е, за овие 20 и кусур години едвај една симпатија имав од крв и месо, а да ми било судено да ти се заљубам во темплејт. Ех...
Прво мислев ќе си ставам раскази, песни, извадоци од романи шо онака си ги сакам. Можеби по некое филмче, музиче ќе спомнам (П.С. сред текст - првата песна ми е живо срање, I know don't even bother to tell me). И ете ко за белја ги фатив баш сите постови нешто во врска со студенти, факултети. Ебате. И се изнервирав. Сега мислам дека требаше блогот да си го крстам Факултетски Фрустрации, оти ко ќе ми текне кои се нервози ме чекаат од изгубените у свемир „одговорни“ на факсот... уфф... ффф
Ова ми беше смешно, ем забавно, ем троа тажно: кај Рибаро прочитав дека некои велеле дека колку site meter-от ти е понакај тројче (речиси совршено) бројче, толку си поквалитетен?!?! Добро, како ќе се знае дека некој е квалитет или не, ако никој не го чита?? Кој тоа ќе го каже, тие шо не го посетуваат??? Да бе, и јас го обожавам Никола Ристановски ал ко ќе ми дојде ќе му бегам. Од шо го сакам ептен. И нема да му дозволам ни автограм да ми даде. Од пуста љубов и восхит.
Ете, прост пример ако мене сите постови ми бидат овакви греота, без поента кој ќе си губи време на мене? Па јас можам и да се утепам од ставање widgets и други триста тракатанци. На крај некој ќе кликне на get widget или download template и чао-пријатно. А мене site meter-от ќе ми остане на тројче, а јас ќе продолжам да си се радувам ко блесаво девојче.
На крај краева, некој, ко мене на пример, одлучува да си отвори блог од што така, сака да се издува. Некој ќе читуцка од блогот оти онака, шознам, да најде сродна душа, да открие дека такви или онакви или некакви си работи не му се случуваат само нему и дрн дрн дрн...
Претпоставувам дури и кога би пишувала глупави diary entries како:
Се разбудив. Ги подотворив очите. Не можев до крај, па ги протрив. Ги отворив очите ширум. Го тргнав јорганот. Станав на лева нога. На десна не можам и да сакам, така ми е наместен креветот. Отидов до вратата и ја отворив. Дојдов до ВЦ-то. Ја отворив вратата. Застанав пред лавабо. Се погледнав во огледало. Подуено ми е лицето. Се муртам.„Убава си кога се смееш“ - ми текнува на мама. Се смешам. Ми текнува дека имам bad morning breath. Да мијам заби сега или после јадење? - Тоа ми е најголемата утринска дилема кога станувам на пладне; пак ќе се најде некој трет да ме чита.
Ах, тоа тројче...
Labels: не е фер, проклетство, сега се 6 на site meter-от
Tweet
tea with sugar gives me the cramps