Од стихозбирката „Соцветија“ на Ана Димишковска - 2
6:52 PM


Гатанка

Ако ме сакаш
нема да ме решиш
ако ме решиш
нема да ме сакаш.



Полжави

Страсен бакнеж
Но
секој од својата куќичка.



Совршен играч

Само тој го знае
судбинскиот трик:
да повлече погрешен потег
во вистинскиот миг.




Капинка на мојата дланка

Црнооко девојче
напиј се малку сонце.
Потоа
ќе те бакнам.


 



Преземи

Tweet

Шеќернолимонова
tea with sugar gives me the cramps